По лидерската средба

И коалицијата на СДСМ се согласи со датумот за предвремени избори и со интеграцијата во ЕУ и НАТО

Koалициските партнери на СДСМ по синоќешната лидерска средба се согласија со определениот датум за предвремени парламентарни избори. Ги договоривме чекорите на воспоставување на постулатите на коалицијата, нови изборни ветувања за граѓаните. Програмата ќе биде создадена во целиот овој период, но исто така, реализацијата на она што досега не е дореализирано има поголем период да биде изреализирано во следните, без малку шест месеци кои што претстојат до изборите, изјави синоќа Зоран Заев, лидерот на СДСМ по средбата со коалициските партнери, освен партиите од албанскиот блок кои беа присутни кај претседателот на државата.

„Сакаме да афирмираме неколку вредности. Оваа коалиција останува сто процентно посветена на нашиот евроатлански пат. Демотивацијата која што ЕУ, која што преку една земја членка успеа да ја вгради овде во нашите души, нема да не обесхрабри да го продолжиме тој пат. Ние веруваме во европските вредности, веруваме дека нашиот народ од сите етнички заедници заслужува да биде европски народ, кој што ќе ги живее истите европски вредности кои што ги живеат граѓаните на модерните, западно-европски земји, каде што владее правото, каде што се севкупните слободи пример за сите граѓани, каде што имаме модерно образование, добро здравство, позитивна култура, како одраз на нашиот мултиетнички состав на државата.

Веруваме дека во овој правец толку силно ќе го блеснеме нашето заедничко македонско сонце кое што дефинитивно ќе побуди дополнителна дебата, позитивна во ЕУ која што конечно треба да ја донесе одлуката за почеток на преговорите. Со таа трансформација низ преговарачкиот процес навистина да станеме европска земја.

Вака фокусирани, продолжуваме сите заедно да им служиме на граѓаните. Ние сме лидерите на граѓаните кои што ја димензионираат иднината на нашата Република Северна Македонија на вистинскиот пат, на правиот пат, на патот на кој што не препозна Европската Унија, САД и целиот демократски свет со кој што имаме стратешко партнерство. Патот кој што докажавме дека е возможен, конечно да се пронајде во овие 28 години независност на нашата земја и веруваме дека сите граѓани ќе останат цврсто на таа определба, давајќи поддршка на еден нов, чист мандат во кој што ќе ги продолжиме ваквите политики“, изјави Заев.

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе

Ако идниот премиер биде македонски Албанец и ако успее сите граѓани на Македонија да се поклонуваат под едно знаме, тогаш – зошто да не!

повеќе

Стана премногу вообичаено да се слушнат повици за брза и сериозна одмазда како одговор на недокажани престапи на говорот и мислата, велат Ноам Чомски, Џ.К. Роулинг и 150 други интелектуалци во отворено писмо до јавноста.

повеќе