По повод Меѓународниот ден на Ромите

ХК: Расизмот и дискриминацијата сѐ уште главен белег на односот кон Ромите

Расизмот и дискриминацијата сѐ уште се главен белег на односот кон Ромите, велат од Хелсиншки комитет за човекови права по повод денешниот Светски ден на Ромите. На овој ден, кога низ светот се одбележува ромската култура, продолжуваме со долгогодишната борба за подобар и подостоинствен живот на Ромите и потсетуваме на системската дискриминација со која тие секојдневно се соочуваат, нагласува Хелсиншки комитет.

„Оттука, неизбежно е да се навратиме на случаите на расно профилирање, полициска бруталност и нееднаков однос кон припадниците на оваа заедница на многу нивоа во нашето општество, што се случуваа во изминатава кризна година. На почетокот на пандемијата, граѓанскиот сектор апелираше за воведување засилени превентивни мерки за заштита од ковид-19 во населбите каде што живее ромско население, поради ранливата состојба во која многумина немаат пристап до чиста и питка вода и санитетски материјали, како клучни за заштита од коронавирусот. Имајќи предвид дека последиците од пандемијата особено можат да ја погодат ромската заедница, како на социјален, така и на економски план, неопходно е носење посебни мерки за помош и солидарност кои ќе ги адресираат специфичните околности во кои живеат Ромите“, се вели во соопштението на Хелсиншки комитет.

Во соопштението се додава дека пристапот до здравствена заштита и понатаму останува проблематичен за Ромите, што беше дополнително изразено во услови на пандемија.

„Нееднаквиот третман и дискриминацијата во здравствениот систем со кои тие се соочуваат, изминатава година беа потврдени и со одлуката на Комитетот за елиминација на дискриминацијата врз жените  по поднесена претставка од Хелсиншкиот комитет за човекови права. Комитетот утврди неправда и даде препораки за државата за структурни промени и искоренување на штетните практики во пристапот до гинеколошки услуги на Ромките“, истакнуваат од Хелсиншки комитет.

Вкоренетиот расизам кон Ромите се манифестираше во низа други инциденти, смета Хелсиншкиот комитет и ја наведува полициската бруталност кон Ромите како честопати видена практика, што говори за расистички предрасуди меѓу полициските службеници и нивно непрофесионално постапување.

„Таков беше случајот со постапувањето на полицијата со бездомни лица во Скопје и двата случаи на полициска бруталност во Битола. Расистичко и насилничко однесување беше забележанано и кај други службени лица, како во инцидентот со контролорите на ЈСП и студентот Сирхан Усеин. Расното профилирање беше очигледно и во случајот со групата музичари, кои организирано се враќаа во земјава од Италија на почетокот на пандемијата. Тие беа ставени во карантин во Пепелиште, а по реакциите за лошите услови беа преместени во Демир Капија. Од друга страна, сите останати 200 патници биле упатени да се самоизолираат во своите домови. Комитетот за елиминација на расната дискриминација посочува дека расното профилирање има негативни и кумулативни ефекти врз благосостојбата на поединците и заедниците, имајќи предвид дека едно лице може секојдневно да биде подложено на расно профилирање во неговиот или нејзиниот живот“, се вели во соопштението.

Кај жртвите на расно профилирање се создава огромна недоверба во надлежните институции за спроведување на законите и кај нив се создава чувство на неправда, понижување и страв од повторување, а тие дополнително стануваат и потенцијални жртви на секундарна виктимизација, се наведува во соопштението на Хелсиншки комитет.

Време е да се фокусираме врз суштинските проблеми. Време е да создадеме вистински ’општествен договор‘ за владеење на правото и на човековите права како главни столбови на европските вредности

повеќе

Стратешко партнерство на македонската влада со Зока енерџи солушнс, компанија регистрирана за обработка и отстранување на опасен отпад, не е правилен начин за решавање на проблемот во мала држава како Македонија.

повеќе

Цивилизацијата би можела да се дефинира како глутница која има рационална потреба да ги легитимира и образложи своите колежи, грабежи и узурпации.

повеќе