По повод Меѓународниот ден на Ромите

ХЕРА: Ромките се систематски дискриминирани на пазарот на трудот

Педесет години од воспоставувањето на 8 април како Меѓународен ден на Ромите, Ромките во Македонија и натаму мака мачат да влезат на пазарот на трудот поради долгогодишната системска дискриминација, а за тоа сведочат и податоците според кои само четири Ромки се вработени на раководни позиции во јавните институции, а на нераководни позиции тие се застапени со само 0,47 отсто од вкупниот број на вработени, информира иницијативата ХЕРА и додава дека неповолни се состојбите дури и во ромската општина Шуто Оризари.

„Иако Шуто Оризари е најголемата општина со ромско население во државата, од вкупно 18 вработени лица во Општината, само осум се Роми. Фрапантен е и податокот дека ниту една Ромка не е вработена во центрите за вработување во државата. Во 30 центри за вработување низ државата, само двајца Роми се вработени и тоа на нераководни работни места“, се наведува во сопштението.

Од ХЕРА додаваат дека од вкупно 7.647 лица кои ги користеле активните мерки и услуги за вработување во текот на 2019 година на национално ниво, само 169 се Ромки, што е крајно поразително ако се има предвид фактот дека 4 632, односно 4,6 отсто од регистрираните невработени лица се Ромки.

Исто така потенцираат дека според Националниот оперативен план, од вкупниот број на регистрирани невработени Ромки на национално ниво, дури 94,88 отсто се без образование или само со основно образование.

Ваквите фрапантни наоди недвосмислено укажуваат дека се потребни системски решенија за да се унапреди социо-економската положба на Ромките во нашата држава, се потенцира во соопштението од Хера.

Оттука, велат, упатени се неколку препораки до надлежните институции и тоа до Агенцијата за вработување да започне процес на креирање соодветни мерки за вработување, да се стави фокус на докомплетирање на образованието, потоа да се создадат долгорочни родово-сензитивни пристапи за вработување во секоја институција, да се вработуваат Ромки на клучни раководни позиции заради можноста да креираат и да предлагаат решенија во согласност со спецификите на оваа целна група како и тоа единиците на локалната самоуправа во своите акциски планови да предвидат мерки за вработување на Ромките во администрацијата.

Како што се наведува во соопштението овие препораки се клучни за намалување на родовиот јаз во земјава.

Инаку, Групата за застапување е составена од Ромки активистки и е формирана во рамките на проектот „Ромките застапуваат за еднакви можности при вработување" кој го имплементира ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување со поддршка од шведската фондација „Квина тил Квина".

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе