СДСМ

Хари Локвенец: Мицкоски нуди лажен патриотизам и лицемерие

Јавноста вчера го виде лажното лице на Христиjан Мицкоски, неговото лицемерие и лажен патриотизам. Едно зборува пред граѓаните друго зборува надвор од државата. На средбата со премиерот на соседна Бугарија, Бојко Борисов, Мицкоски рече дека го поддржува Договорот за добрососедство и пријателство, се вели во изјавата на пратеникот на СДСМ Хари Локвенец.

„Две години Мицкоски зборува дека е против Договорот со Бугарија, за вчера за само две минути да каже дека го поддржува Договорот. Кога лаже Мицкоски? Кога на прес конференции од белиот дворец и на средби со граѓани низ државата велеше дека Договорот е штетен и капитулантски? Или вчера излажа Мицкоски, во Загреб кога кажа дека тој и ВМРО-ДПМНЕ го поддржуваат Договорот за добрососедство и тоа на бугарски јазик. Кому сега ќе му се извини Мицкоски за неговите лажги со опашки? На граѓаните или на бугарскиот премиер Борисов? Овој скандалозен однос на Мицкоски е нечесен кон граѓаните, нечесен кон државата и нејзините национални интереси. Се потврди, Мицкоски нема став. Едно зборува пред домашната јавност, а сосема друго пред странските политички претставници. Тоа е истата матрица на Никола Груевски.

Мицкоски не може да понуди ништо освен лажен патриотизам, лицемерие и одбрана на криминалот. Затоа граѓаните ќе го казнат таквиот нечесен однос на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ. Граѓаните не сакаат лицемерни и политичари кои немаат став, кои едно зборуваат дома, друго надвор. На 12 април доаѓа  поразот на лажниот патриотизам на Христијан Мицкоски“, рече Локвенец.

 

Оваа парафраза на големиот Иво Андриќ, нобеловец и водечко книжевно име на Балканот, за малку ќе го погодеше лично него.

повеќе

Десензитивизацијата на Американците кон вртоглаво зголемениот број на жртви во пандемијата ја оправдува познатата опсервација на Јосеф Сталин: „Една смрт е трагедија; еден милион е статистика “. 

повеќе

Практичната имплементација на владината стратегија „едно општество за сите“, која на хартија има добри намери, е засенета од неуспешната борба против корупцијата и организираниот криминал.

повеќе