СДСМ треба да ја понесе одговорноста за несправување со енергетската криза со која се соочени граѓаните во сите општини во Македонија, а не само во Скопје, велат од Град Скопје и нагласуваат дека СДСМ не презема ништо за носење мерки за заштита на граѓаните од ценовни шокови, иако знаеше дека државата ќе биде соочена со енергетска криза.
„Наместо да се обидува СДСМ да ја дефокусира јавноста, треба да покажат дека се власт на централно ниво, а не опозиција и, како сите други влади во Европа, иако задоцнето, да донесат мерки и да им излезат во пресрет на граѓаните. Сите влади од Европа уште од септември 2021 година донесоа мерки за заштита на граѓаните од ценовниот шок предизвикан од енергетската криза“, се вели во соопштението на Град Скопје.