РСБСП ги поддржува репресивните сообраќајни мерки

Годинава помалку жртви во сообраќајот, но и натаму владее недисциплината

Во 2020 година се бележи намалување на бројот на сообраќајни несреќи и на бројот на загинати и повредени лица што се должи на засилените сообраќајни контроли и санкциите, како и на анти-ковид рестриктивните мерки, заклучува Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот. Но од Советот забележуваат дека билтените покажуваат дека е голем бројот на учесниците во сообраќајот кои се недисциплинирани – се вози брзо, под дејство на алкохол, во нерегистрирани возила...

Засилените сообраќајни контроли од страна на сообраќајната полиција во изминатите неколку месеци покажуваат дека дисциплината и одговорноста кај учесниците во сообраќајот не се на потребното ниво. За жал, полициските билтени и медиумите секојдневно известуваат за голем број санкционирани возачи поради управување на моторно возило под дејство на алкохол, управување на моторно возило без соодветна возачка дозвола, непочитување на правилата за ограничување на брзината, неправилно престигнување, управување на нерегистрирани и технички неисправни возила и голем број на други прекршоци во сообраќајот со кои директно се загрозува животот и здравјето на сите учесници во сообраќајот, анализира Републичкиот совет за безбедност на сообраѓајот на патиштатата.

Несовесните и недисциплинирани возачи како да не ги загрижува фактот дека секоја година на улиците и патиштата во Македонија околу 150 лица го губат животот во сообраќајни незгоди, а околу 6000 лица се повредени, велат од Советот.

„Искуството од земјите кои покажуваат најдобри резултати на полето на безбедноста во сообраќајот, се наведува, покажуваат дека покрај добрата сообраќајна инфраструктура најдобри резултати во безбедноста во патниот сообраќај се постигнуваат преку соодветна комбинација од превентивни и репресивни мерки", смета Советот и додава дека во делот на превенцијата, културата и навиките во сообраќајот се учат од најмали нозе.

Затоа Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата посебно внимание во својата работа посветува на најмалите, а што се однесува до возрасните, важно е да се каже дека процесот на промена на навиките и културата во сообраќајот е бавен и тежок процес и за таа цел реализира континуирани кампањи чии ефектите може да се почувствуваат единствено на подолг рок.

Од друга страна, се додава, репресивните мерки даваат побрзи резултати и ефектите од репресивните мерки може да се почувствуваат и на пократок рок.
„РСБСП го поддржува процесот на засилени сообраќајни контроли и истиот треба да биде континуиран и силен. Најважно е граѓаните да знаат дека репресивните мерки се спроведуваат со цел заштита на нивниот живот и нивното здравје и истите имаат за цел да ги одвратат сторителите на сообраќајните прекршоци од повторување на сообраќајниот прекршок.

Превентивните мерки се насочени кон сите учесници во сообраќајот, а со репресивни мерки треба да бидат санкционирани оние учесници во сообраќајот кои и покрај сите апели, и укажувања се уште се однесуваат недисциплинирано и неодговорно во сообраќајот", потенцира Гордана Кожуваровска, претседател на РСБСП по повод засилените контроли од страна на сообраќајната полиција.

Статистичките податоци за 2020 година, покажуваат дека оваа година има значително намалување на бројот на сообраќајни незгоди и бројот на загинати и повредени лица во сообраќајни незгоди во однос на истиот период минатата година и ваквиот опаѓачки тренд треба да продолжи и во иднина, а засилените сообраќајни контроли од страна на сообраќајната полиција дејствуваат токму во таа насока, заклучуваат од РСБСП.

Дали и Грција треба да престане да ја смета бугарската фашистичка окупација за време на Втората светска војна како вистинска окупација?, прашува поранешниот грчки министер за надворешни работи – потписник на Преспанскиот договор со Македонија, во колумна за Балканеу. Колумната ја пренесуваме во целост и со автентичните фрази.

повеќе

Каракачанов: На Бугаринот паметот му доаѓа следниот ден...

повеќе

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе