Глас за Македонија: Властите го забранија вчерашниот протест, нема да бидеме замолчани

Вчера властите го забранија одржувањето на уредно пријавениот протест на движењето #Бојкотирам уставни промени, чија активна членка е партијата Глас за Македонија. Со тоа е згазено нашето уставно гарантирано право на мирен протест, реагира Глас за Македонија.

„Изразуваме гнев кон црните орди кои решиле по секоја цена да го спречат народот да го изрази своето незадоволство од насилното менување на Уставот, промената на името на државата и од корумпираниот процес кој е во тек.

Ние нема да дозволиме да бидеме замолчани во овие критични моменти. За овој противуставен акт кон граѓаните, ќе бидат поднесени кривични пријави, ќе поднесеме жалба до Уставиот суд, ќе бидат информирани сите амбасади и ОБСЕ. Ако треба ќе се жалиме и до судот во Стразбур. Паралелно со правната битка, најавуваме дека протести и инсталации на нужна опрема ќе има на многу места и ништо нема да може да ги спречи. Најмалку, имбецилните оправдувања дека од кампусот Македонија инсталиран пред зградата на Владата, истата ќе сме ја гранатирале. Прашуваме, дали од страв од народот сѐ уште не е тргната оградата пред Владата?

Потсетуваме дека „шарените“ со месеци протестираа во инсталиран камп пред истата таа зграда, блокирајќи ги двете насоки на булеварот. Ако тоа беше „режим“, како може да се нарече оваа странска инсталација која од народот бега како ѓавол од крст?

Протести допрва ќе има, со дозвола или без неа. Впрочем нека го прочитаат Законот за протести каде пријавувањето на протести е ставен со „може“ да биде пријавен, но не мора. Полицијата нека се позанимава со секојдневните пукотници и мафијашки пресметки, а не со мирниот народ кој си ја бара правдата. Оградата чекаме да биде тргната“, се вели во соопштението на Глас за Македонија.

Причината за загриженост не е дали ЕУ успева да создаде функционални и стабилни земји или не, туку тоа што ангажманот на ЕУ во регионот води кон губење на кредибилитетот на Унијата како меѓународен актер и кон неуспех на нејзината Заедничка надворешна и безбедносна политика.

повеќе

Зошто егзистирањето на Северна Македонија „во духот на Преспанскиот договор“ ќе значи фактичко постоење на една орвеловска држава?

повеќе

Како граѓани на независна и суверена Република Македонија веќе се навикнавме постојано да живееме во секојдневни тензии и стресови.

повеќе