Реакција

Глас за Македонија: Уште сега се знае кој ќе биде примен на Академијата за судии

Уште на 4 јуни предупредивме дека процесот за избор на кандидати за судии и обвинители ќе биде надвор од демократска контрола и ќе се спроведува од „лојални" на власта членови на Академијата. Ќе почнеме со јавно објавување на имињата на кандидатите на кои уште сега им е гарантирано местото во Академијата за судии и обвинители, само затоа што се деца на судии, обвинители, генерални секретари на Собранието и така во недоглед, соопшти Глас за Македонија.

„Критериумите за избор беа снижени до крајни граници. Наместо пет години работно искуство, беа  доволни две. Ставката за просек од студии беше намерно оставена отворена. Тогаш прашавме дали мислат на бинго да одбираат 60 кандидати од пријавени над 500-тини кандидати или си телефонски повици од Владата. Сега го добивме одговорот. Лично Заев и Рашковски ги одбираат кандидатите меѓу кои има пријавени и снаи на високи функционери на СДСМ, деца на претседатели на судови и на јавни обвинители. Од самиот почеток беше вграден непотизам во изборот.

Затоа,  старо – новата афера, дека лично Заев и Рашковски одбираат кандидати, не треба да зачудува, бидејќи никој на време не реагираше на ваквите предупредувања. Ова е само симптом на болната и заробена држава каде нема раздвојување на судската од извршната власт.

Предлагаме, покрај форензичкото вештачење на системот на Правниот факултет, да се формира и комисија од експерти за следење на целиот процес. Не е дозволено толкава моќ да се концентрира во рацете на Рашковски за кого со децении постојат индиции за негови интервенции во системот“, соопшти Глас за Македонија.

Сѐ додека Македонија ја претставуваат „политички најподобните" ќе тонеме длабоко и уште повеќе ќе се раслојуваме.

повеќе

По определувањето на мерката ефективен притвор, притворениот раководен функционер не може да издава полноважни правни акти, меѓу другото, и поради фактот што го нема службениот печат.

повеќе

Вината за недобивањето на датум за преговори треба да ја барате во вас и вашите соработници и коалициски партнери.

повеќе