Глас за Македонија: Србија не го пушта Љупчо Палевски, Хрватска не го сака

Љупчо Палевски, член на партијата Глас за Македонија, на 13 септември минагтата година беше притворен во Белград по потерница издадена од Хрватска, а поврзана со стопански спор на неговата компанија. Според обвинението од окружниот суд во Задар, компанијата се терети за материјална штета од 2.500 евра. Од тогаш Палевски, од непознати причини за нас, сѐ уште го нема правото на фер судење во разумен рок, велат во отвореното писмо активисти на движењето Трета политика, дел од партијата Глас за Македонија.

Љупчо Палевски

Од 13 септември 2019 година според член 22 од Законот за меѓународна правна помош од кривична материја на Република Србија, мерката екстрадициски притвор е важечка и Палевски веќе седми месец ја издржува во централниот затвор во Белград. Тој сѐ уште не е испорачан на Хрватска за да може пред тамошниот правосуден систем да го разреши овој минорен спор. „Авторитетите во Србија сѐ уште го немаат сторено тоа и непотребно се одолговлекува целата постапката со што се добива впечаток дека се можни злоупотреби на притворот, како мерка за обезбедување.

Земајќи ги предвид тежината на делото и фактот дека е завршена истрагата и собирањето на доказите, според истиот член, пред судот за цело време стои алтернативата наместо притвор да се определат други мерки за обезбедување.  Во корист на обвинетиот оди и член 14 од Законот каде обвинетиот се заштитува од гонење по основ на други кривични дела освен за делото за кое се бара испорачување. Со ова, избегнување од соочување со надлежниот суд станува бесмислено.

Но, до каде е случајот во моментот.

По поминати четири и пол месеци во притвор, вишиот суд, согласно член 31 од Законот за меѓународна правна помош, на почетокот на февруари, правосилната одлука за испорачување на притворениот ја доставува до Министерството за правда на Србија за конечно одобрување. По еден месец поминат во Министерството за правда на Србија, на 5 март годинава ресорниот министер го потпишува решението за испорака и согласно член 37 го задолжува Министерството за внатрешни работи на Србија да договори време и место за предавање на обвинетиот на државата барател.

Законскиот рок во кој треба да се изведе предавањето е 30 дена или во дадениот случај заклучно со 4 април. Според овој член во законот, доколку државата барател не го преземе обвинетиот на определениот датум, истиот се пушта на слобода.

Според последните информации од властите во Србија, лицето сѐ уште се држи во притвор од причина што досега Република Хрватска не покажала интерес за негово преземање.

Почитувани, со оглед на времетраењето на екстрадицискиот притвор, станува јасно дека Љупчо Палевски е лишен од можноста за правично судење во разумен рок. Не би сакале да помислиме дека обвинетиот е држен во притвор поради други, политички цели на некои центри на моќ, ниту ќе ја искористиме оваа можност за обвинување на една или друга страна. Единствено би сакале да Ве замолиме да го вложите вашиот авторитет и да помогнете, колку е тоа во ваша можност, овој спор да добие брза разрешница“, апелираат активистите на Глас за Македонија.

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе