Глас за Македонија: Демократизацијата мора да почне со измени во изборниот модел

Македонија да биде една изборна единица со пропорционален модел, отворени листи за пратеници и низок изборен праг. На тој начин, помалите партии нема да ги губат, односно со Донтовиот модел дури и да ги подаруваат своите гласови на поголемите. Исто така, граѓаните ќе имаат можност да го одберат својот кандидат, наместо да гласаат за листа која ја прави лидерот на партијата, ставајќи свои партиски фаворити. Демократизацијата мора да почне на овој начин, а плуралниот простор кој е сега буквално заробен, ќе се збогати со нови идеи и луѓе, се вели во соопштението на Глас за Македонија.

„Треба да се промени и начинот на финансирање на партиите. Оној кој е сега на сила, ги исцрпува сите пари од буџетот во корист на големите 4 партии во Собранието. Нагласуваме дека се работи за вртоглаво високи суми кои се одлеваат од нашите џебови. Со 4,5 милиони евра годишно, се врши отворен поткуп на гласачите. Дури и скромната сума од 280.000 евра, предвидена во Изборниот законик за таканаречените аналитички центри на партиите, оди повторно само кај овие партии. Се прашуваме зошто, кога аналитички центри според статутот на партиите, имаат и други партии.

Бараме овие сегашни суми да се намалат барем на половина, а дел од парите наменети за големите партии, да одат за редовно сервисирање на скромните потреби на помалите, надвор од парламентарните партии. Во спротивно, не може да стане никогаш збор за „фер и демократски“ избори.

Големите партии чиј рејтинг секојдневно опаѓа, ја добија два пати својата заслужена лекција. Еднаш на референдумот од 30-ти септември 2018 и последно на претседателските избори. Тие водеа битка за цензус. Сѐ помал ќе биде бројот на избирачи кои ќе бидат мотивирани да гласаат. Затоа горе наведените промени мораат да се спроведат. Најважно, само на тој начин нема да бидеме уценети со крајно неприфатливи предлози кои се случуваат во пресрет на сите избори“, се вели во денешното соопштрение на Глас за Македонија.

Античкиот грчки филозоф Хераклитус, кој живеел пред Сократ, Платон и Аристотел, е авторот на често користената поговорка „панта реи“ (Panta rei), односно, во превод, поедноставено: ,„сѐ тече, сѐ се менува, ништо не останува исто, нема апсолутна вистина и единствена реалност е повеќегодишно движење“.

повеќе

Интеграциите и буџетски субвенционираната економија и социјала се проектираните теми на кампањата на власта за претстојните избори.

повеќе

Третманот и плаќањето на работникот од кого зависи целиот производствен систем, треба да биде на прво место кај државата и работодавачот. 

повеќе