Ѓорчев: Новата влада на Мицкоски ќе го укине покачувањето на акцизата за горивата

Новата Влада на ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски во првите 100 дена ќе ја укине дополнителната акциза на горивата воведена од владата на Заев и Тевдовски. Јасно е дека цените на горивата отидоа горе и тоа како ги засега граѓаните, стопанството, транспортните претпријатија, изјави денеска Владимир Ѓорчев, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

„Од тие причини треба да се намали цената на горивата, треба да се анулира зголемувањето на акцизата од 3 ипол денари по литар воведено од Заев и Тевдовски и на тој начин да имаме намалување на цената на горивата и скратување на трошоците за  семејствата и компаниите.

Неколку примери, прво во оној момент кога Зоран Заев ја презеде владата во јуни 2017 година едно семејство за да наполни два пати месечно резервоар со гориво требаше да потроши 4.500 денари. Сега истото семејство за да го наполни истиот резервоар треба да потроши 6.500 илјади денари месечно, тоа се трошоци од 2.000 денари дополнително само за полнење на резервоарот.

Од тие причини треба да се намали акцизата, и да се укине акцизата која што ја воведоа Заев и Тевдовски.

Втор пример, ако порано еден трактор за да го наполни резервоарот требало да потроши 3.000 денари денес истиот земјоделец за да го наполни истиот трактор треба да потроши 5.000 денари. Ако видиме дека секој земјоделец треба да го изора својот имот и своите ниви, најмалку три пати годишно доаѓаме до тоа дека секој земјоделец зависно од  површините кои што  ги одработува  треба да плати 6.000 до 10.000 денари повеќе за гориво.

Трет пример, ако ги погледнеме повратните билети низ Македонија гледаме дека тие одат нагоре. Неколку примери, во времето кога Заев стана премиер повратен билет на релација Скопје – Богданци беше 580 денари, сега истиот билет е 720 денари. Порано месечна карта на релацијата Скопје- Куманово пред две години беше 2.500 денари, сега истата е 3000 денари. Тоа е значително зголемување. Повратен билет на релација Скопје- Делчево беше 500 денари, сега е 730 денари. Повратен билет од Скопје до Струга беше 650 денари, сега е 750 денари.

Новата Влада на ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски во првите сто дена ќе ја укине дополнителната акциза на горивата воведена од Зоран Заев и Драган Тевдовски. Одговорна влада ќе дојде. Промените ќе дојдат. ВМРО-ДПМНЕ ќе ја состави новата влада“, изјави Ѓорчев.

Нашиот процес на преговори многу веројатно ќе биде предмет на уште построги критериуми и мониторинг имајќи ги предвид искуствата на земјите кои во моментот преговараат. 

повеќе

На Македонија и Бугарија им треба дебата која ќе го унапреди историското разбирање без робување на идеологии, митологии и политики.

повеќе

Македонизмот често е мистика и точка на недоразбирање и меѓу Македонците и на Македонците со другите народи во и околу Македонија.

повеќе