ФРОДЕМ: ВМРО заслужува лидер со јасни ставови за името, за договорите со Бугарија и Грција...

Откако е наметнат на позицијата претседател на ВМРО-ДПМНЕ од страна на бегалецот од Будимпешта, Христјан Мицковски постојано манипулира и се обидува бесрамно да ги замајува членовите и симпатизерите на партијата, но и целата домашна и меѓународна јавност, се вели во соопштението на Фронт за демократска Македонија (ФРОДЕМ).

„Уште пострашно е што три мицковци се наоѓаат во еден. Имаме еден Мицкоски кој има едни ставови пред меѓународната заедница, друг Мицкоски кој глуми „голем патриот” пред членството на партијата и трет Мицкоски кој кога се појавува пред пошироката македонска јавност говори нешто трето и неодредено. Затоа секојдневно граѓаните, но пред сѐ членството и симпатизерите на партијата која е доведена до непрепознатливост, си го поставуваат прашањето кој е вистинскиот Мицкоски? Оној кој верно му служи на бегалецот од Будимпешта и на неговиот братучед, оној кој глуми загрижен патриот пред сопственото членство или оној кој наспроти личното и национално достоинство се додворува на меѓународната заедница. Ако добро се анализираат сите овие појавни облици на дотичниот, од прва станува јасно дека ниту еден од нив не е Мицко вмровецот. Сите три во едно, ниту биле, ниту можат да бидат вмровци.

За да биде трагикомедијата уште поголема, вчера во Загреб на средбата со Бојко Борисов, го видовме и четвртиот Мицкоски кој благодарение на своето дошколување во Италија и Германија добил европски гени. Ништо подолу од него не се ниту оние полу Американци и тазе „европејци” од неговото најблиско опкружување кои поради тоа што се гладни и жедни за власт, но и делумно поради бракот со Американки го заборавија и го маргинализираа националното достоинство. 

Сметаме дека е крајно време да се стави крај на ваквите мултиплицирани ликови во политиката кои ја носат партијата во трет последователен пораз на изборите. А да се изгуби од Зоран Заев по трет пат е повеќе од понижување и деградација. Крајно време е граѓаните да дознаат „кој е кој” и „кој е за што” на македонската политичка сцена. Крајно време е да се стави крај на политичката манипулација за дневни и лични потреби. Македонија и ВМРО заслужуваат лидер со јасни и достоинствени ставови како по однос на промената на името, така и по однос на Преспанскиот договор и Договорот со Бугарија“, се вели во соопштението на ФРОДЕМ.

Време е да се почне да се размислува што може да значи тоа.

повеќе

Ако сте скијач или бордер, зима, планина, снег, сонце и чист воздух веднаш ве асоцираат на авантура и хедонизам. Физичка активност, радост и умствено опуштање.

повеќе

Која е логиката на Заев и СДСМ со вчерашниот протест што од сега се гледа дека ќе им биде и наративот за целата кампања?!

повеќе