ФРОДЕМ упатува повик за заедничко политичко организирање

Јазот меѓу македонските квази политичари и македонскиот народ сѐ повеќе се проширува и продлабочува. Граѓаните конечно го видоа вистинското лице и на едните и на другите, а работите одат од лошо на полошо. СДССМ со потпишувањето на Преспанскиот договор и со промената на Уставот и уставното име го допре дното на националното предавство. Во тоа СДССМ директно и индиректно беше сесрдно потпомогнат од дезидеологизираното раководство на ДПСМНЕ за кое во моментов најбитни се удобните фотељи за нивните највисоки функционери, се вели во соопштението на здружението ФРОДЕМ - Фронт за демократска Македонија.

„За сиве овие 28 години се изнаслушавме лажни ветувања и од едните и од другите. Со секоја нова власт доаѓаше сѐ посрамна манипулација, лага, масовно осиромашување и невиден арамилак. Го видовме безочното ограбување на народот и пазарењето со оние кои дрско го ограбија тој ист народ. Бројчаникот постојано вртеше само за оние кои се менуваа на власт, а сиротиот граѓанин постојано остануваше и остана со „прстот во уста“. И сега шест месеци пред изборите и двете партии односно коалиции на партии повторно се подготвуваат за нова измама на народот. Едните  лажат дека се „На прав пат“ откако патот го и искривија за 180 степени и го направија макадам, а другите ќе се бореле за ,,Обнова на Македонија“ откако ја разрушија и опљачкаа до темел“.

ФРОДЕМ изразува длабока загриженост поради неспособната и алчна власт и недоговорната и уште поалчна опозиција. Разочараните граѓани мора конечно да соберат сила, да се сплотат и да станат единствена опозиција во државата. ФРОДЕМ упатува повик за заедничко политичко организирање и делување на сите прогресивни и слободоумни, разочарани непартиски и партиски граѓани, во ново движење и/или друг вид асоцијација со кои ќе се стави крај на повеќе од двоипол децениското владеење на овие две партии. 

ФРОДЕМ е подготвен и нуди соработка за заеднички народни реформи за демократизација и деполитизација на државата, чија прва задача треба да биде ослободување од криминалните структури и нивна одговорност. Взаемното уважување во доследната борба за демократија, правда, лично и национално достоинство и чесност е единствениот здрав патриотски однос.

Република Македонија и нејзините граѓани конечно треба сами да си дадат шанса и самите да се изборат за победа над сите зла, кои висат како дамоклов меч над нашата иднина.

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе