ФРОДЕМ: Сите се за правда, а правда нема, сите се ред и поредок, а цело време е анархија

Во Република Македонија одамна функционира на дело Светотo тројство: „Сваровски судство-Русковска обвинителство-Долче и Габана политичари“. Кој од кој полош. Сите за правда, а правда нема. Сите за ред и поредок, а анархија цело време. Капак на сето е и случајот „Рекет“ и „Луј Витон“ торбите. Сите вмешани, а на крај сите чисти, пишува ФРОДЕМ во денешното соопштение.

„Пред неколку дена несудениот амбасадор А. Николоски и еден од многутемина  ‘диктирачи‘ на темпото на работа на ОЈО и судот вели: ‘Ако судот не ја заврши својата работа околу случајот со СЈО и Рекет тогаш ДПМНЕ ќе објави нови сознанија за тој случај‘. Сакаме да ја потсетиме јавноста дека и партискиот шеф на Николоски пред неколку месеци даде изјава со слична содржина, а кога тоа ќе се слушне од првите двајца луѓе на засега најголемата опозициска партија, тоа треба сериозно да се земе предвид.

За да се открие целата мистерија околу случајот ‘Рекет‘ и за да се стави крај на сите шпекулации и нејаснотии во врска со него, ФРОДЕМ го повикува (какво-таквото) надлежно обвинителство и судот итно да ги повика и да ги сослуша гласноговорникот Николоски и неговиот шеф и да види и слушне што е тоа што тие го знаат, а не го знае обвинителот и јавноста и конечно да стави крај на сите идни манипулации, калкулации и ‘игри околу и за престолот‘. Само на овој начин судот и надлежното обвинителство имаат ретка можност да ги проверат, но и да дојдат до евентуално нови сознанија кои засега им се познати само на овие ‘сезнајни‘ политичари од времето на режимот“, се наведува во соопштението.

Од ФРОДЕМ сметаат дека на ваков начин судот ќе обезбеди поголема правна сигурност на сите засегнати страни во процесот и во име на народот ќе може да донесе пообјективна првостепена пресуда.

„Во спротивно, доколку овие персони немаат докази кои ќе фрлат ново светло на целиот случај, обвинителството има ретка и убава можност за прв пат во Република Македонија да покрене постапка против политичари за давање лажен исказ, поднесување лажни докази, спречување на докажување односно за стек на кривични дела против правосудството како и лажно тревожење на јавноста“, се додава во соопштението.

Според ФРОДЕМ, само на овој начин јавноста во Република Македонија ќе има можност да види кој не ја зборува вистината, а кој затскрива, соработува и заштитува криминалци.

Минхенската безбедносна конференција, која со децении служеше како силен симбол на силата на западното сојузништво, оваа година покажа дека јазот меѓу сојузниците е поголем од кога и да е.

повеќе

Време е да се почне да се размислува што може да значи тоа.

повеќе

Која е логиката на Заев и СДСМ со вчерашниот протест што од сега се гледа дека ќе им биде и наративот за целата кампања?!

повеќе