ФРОДЕМ: Пендаровски на лидерската средба да ги повика и лидерите на партиите кои ќе учествуваат на изборите

На најавената лидерска средба да бидат поканети и лидерите, односно претставници на сите политички партии и коалиции кои поднесоа листи со кандидати за претходно закажаните избори на 12 април 2020 година. Ова го бараме и поради фактот што лидерите на донеодамна парламентарните политички партии го немаат екслузивното право во име на сите граѓаните на Република Македонија, ниту пак поголем кредибилитет за разлика од останатите политички париии во државата во оваа ситуација, повторно сами да одлучуваат за одржување на датум за парламентарни избори, се вели во денешното соопштение на Фонтот за демократска Македонија (ФРОДЕМ) како дел од коалицијата Никогаш северна, смо Македонија.

Сите партии и коалиции кои поднеле листи на кандидати имамат ист статус како и право рамноправно да го изнесат својот став по однос на одржувањето на претстојните избори како и по однос на другите прашања важни за иднината на државата, бара ФРОДЕМ.

„Ова го бараме поради фактот што на средбата на која донесовте одлука за одложување на изборите беа повикани само лидерите на политичките партии кои досега имаа свои пратеници во Собранието на Република Македонија, а останатите беа игнорирани, иако Собранието тогаш беше распуштено. Бидејќи Вие и правните експерти на СДСМ и ДПМНЕ на една од претходните средби заземавте став дека Собранието е распуштено и нема право повторно да се состане, сметаме дека одржувањето на средба во ист таков формат како и досега, нема да има легитимитет и легалитет по ниту еден основ. Штом имате став дека Собранието е распуштено, тоа значи дека досега повикуваните лидери немаат свои претставници во Собранието и истите нема кого да претставуваат на средба кај Вас, а најмалку заедно со Вас да одлучуваат за оддредување на датум за одржување на парламентарните избори.

Се надевам дека ќе имате доблест и нема да си дозволите повторно свесно да го прекршите Уставот и уставно загарантираните слободи и права, моралните норми и принципи и совесно и принципиелно ќе пристапите кон свикување на средба заради решавање на проблемот кој го создадовте со експертите и досега повикуваните политички лидери. Исто така сакаме повторно да ви потенцираме и да ви укажеме доколку повторно се одржи средба без претставници на партиите и коалициите кои имаат поднесено листи на кандидати за закажаните избори, истата би била нелегална и нелегитимна и за тоа ќе бидеме принудени да поведеме постапка пред надлежните институции во државата како и да ја известиме пошироката јавност“, соопшти ФРОДЕМ.

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе