ФРОДЕМ: Министерката Дескоска призна дека поткупени пратеници гласале за уставни промени

Со јавното признание на министерката за правда, Рената Дескоска, дека со Законот за амнестија се одоброволени обвинети пратеници од ВМРО-ДПМНЕ да гласаат за уставни измени и за промена на уставното име, таа јавно потврди дека обвинителство и судството во нашата држава се под директна и целосна контрола на власта, а дел од пратениците ефтина ,,роба" со која лесно се тргува, соопшти здружението Фронт за демократска Македонија.

Обвинителтвото и судството повторно се зауздани и послушни извршители, а обвинетите пратеници станаа бедна гласачка машинерија. Со ова самопризнание на министерката Дескоска не само што е ставен голем и срамен товар на системот на правдата, туку се покажа гнилоста на системот и апсурдноста да се очекува правда и правичност во нашава држава доколку се нема амин од власта..

Фактот дека народни избраници, обвинети за тешки кривични дела, се ослободени од кривично гонење за да гласаат по желба и воља на власта за промена на Уставот е признание дека со давање поткуп, присилба, ветување и убедување од страна на највисоките државни функционери и странски амбасадори е создадено злосторничко здружение со кое се сторени стек на тешки кривични дела казниви со Кривичниот законик на Република Македонија. Се работи за свесно создаден криминален ентитет составен од премиер, министри, пратеници, судии и обвинители потпомогнати од странски амбасадори за погазување на темелните вредности на уставниот поредок и непочитување на начелото за еднаковст на граѓаните пред Уставот и законите.  

По јавното признание на министерката за правда, во сериозна правна држава во која постои независен и со интегритет јавен обвинител и судии, следуваат експресни притвори за сите учесници и драконски казни за сите инволвирани во случајот наречен „со поткуп до устави измени”.  Друго и не очекуваме од овој состав на судии и обвинители кои немаат никаков личен морален кредибилитет, меѓутоа сакаме јавно да укажеме дека овие кривични дела не застаруваат и дека сите оние кои со сторување или со несторување биле дел од ова злосторничко здружение кога тогаш ќе се најдат пред лицето на правдата.

Исто така укажуваме и на тесната спрега на опозицијата и власта и постоење на премолчен договор за избор на судии „по мерка” во сите судски инстанци, имајќи ги предвид и судиите во Уставниот суд. Отако ќе ги постават на посакуваните позииции единствена обврска на судиите е како најбрзо да го амнестираат или релативизираат сторениот тежок криминал сторен од нивните политички ментори. Бесрамно е создадена меѓупартиска спрега за создавање на квази поредок на неказнивост и опасна правна несигурност, поредок кој одговара исклучиво и само на алчните политички криминални структури“, соопшти ФРОДЕМ.

Јавните медиумски сервиси треба да бидат столб на демократските општества и примарен извор на информации за сите граѓани.

повеќе

Отповикот или импичментот на претседателот Доналд Трамп од страна на Претставничкиот дом покажува дека членовите на Конгресот на САД прво се партијци, а потоа Американци.

повеќе

Најпрво, важно е да се напомене дека поседувањето на оф-шор компанија не е нелегално само по себе. Во суштина оф-шор земјите нудат низа поволности како што се исклучително поволни стапки на данок. Всушност, некои од нив имаат нула стапка на данок. 

повеќе