ФРОДЕМ: Изборите да траат 3-5 дена

Коалицијата Никогаш северна, само Македонија бара техничката влада со уредба со законска сила да изврши измена во Изборниот законик и да овозможи гласањето на овие избори да трае 3-5 дена со цел дослено да биде спроведен протоколот за избори, максимално да биде заштитено здравјето на гласачите и на останатите учесници во изборите, како и да се овозможи поголема излезност а со тоа и поголем легитимитет на изборите, се вели во соопштението на ФРОДЕМ.

Како дел од коалицијата Никогаш северна, само Македонија, ФРОДЕМ соопштува дека поради некадарната техничка влада, пиши-бриши донесените уредби, сé поголемиот буџетски дефицит како и поради потребата од функционирање на стабилни институции и поподготвени да го пречекаме евентуално новиот бран на коронавирусот во септември, потребни се итни и брзи избори.

„Затоа на Мицкоски му порачуваме да престане да се бламира и да ја манипулира јавноста и членството со бојкотирање на изборите и да го одолговлекува донесувањето на одлуката за датум на избори поради наводната негова загриженост за здравјето на гласачите, а во меѓувреме тајно да преговара со СДСМ и да купува време.

Наместо тоа ние му предалагаме без страв и калкулации уште денес заедно со неговиот ортак Заев да го прифати предлогот на коалицијата Никогаш северна, само Македонија изборите наместо еден ден да траат најмалку 3-5 пет дена. Ова го предлагаме поради фактот што според протоколот кој го усвои техничката влада за безбедно гласање на денот на избори, во период од 7 до 19 часот на територија на цела држава најмногу и безбедно можат да гласаат максимум од 400 до 450 илјади гласачи. За да се овозможи поголема излезност на изборите, а со тоа и поголем легитимитет, но и да им се овозможи на сите граѓани да го релизираат своето право на глас, а притоа без да се плашат дека ќе им биде загрозено здравјето потребно е да се овозможи гласањето да трае неколку дена. Доколку се прифати овој предлог ќе има можност доследно да се спроведе донесениот протокол. Впрочем, позната е праксата во некои држави во светот каде поради разни причини гласањето се одвива со денови, па дури и месеци“, соопшти ФРОДЕМ.

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе