ФРОДЕМ: Дополнителниот заменик министер во МЗШВ е срам за пржинската влада

„Кадрите кои верно му слугуваа на режимот воспоставен од бегалецот од Будимпешта, наместо со знаење и културно и цивилизациско однесување кон држаната управа, тие повторно почнаа да се наметнуваат со сила и агресија и да ја злоупотребуваат времената државна позиција. Дополнителниот заменик министер во МЗШВ уште не седнат на фотеља започна со суптилно политичко насилие и вознемирување на државните службеници на нивното работно место. Заштитата на правата на земјоделците од нехуманиот однос на локалните функционери не се врши со ваков нехуман, неетички и непрофесионален упад во простории на подрачните единици и со вршење политичко заплашување и покажување ,,мускули" над службениците од страна на ,,дополнителниот", соопшти ФРОДЕМ.

ФРОДЕМ го потсетува овој „дополнителен политички насилник“ и целата јавност дека во Законот за државни службеници постојат одредби кои се однесуваат на одговорноста на државните службеници како и одредби за контролата и оценување на нивната работа вклучувајќи го и оценувањето на нивниот хуман или нехуман однос кон граѓаните.

Начинот на кој овој „грујов апаратчик“ врши наводна контрола над вработените во подрачните единици на министерството е далеку од здравиот разум и достоинствено функционерско однесување. Обидот да се покаже 'кој е кој' е класичен акт на политичко насилие и психичко вознемирување на вработените во државните институции. Нормален и достоинствен заменик министер, па нека е тоа дури и дополнителен заменик министер, не се пресметува со својот министер преку грбот на вработените во подрачните единици. Ваквите функционери се класични политички кабадахии кои му припаѓаат на времето кое е одамна зад нас", велат од партијата.

ФРОДЕМ очекува од техничкиот премиер на привремената влада поради скадалозното однесување на овој дополнителен заменик министер итно да побара негово разрешување и енергично да го стопира секој иден обид или акт на политичко насилие над државните службеници во функција на претстојните избори. Техничката влада мора да ја остави државната и јавната администрација професионално, совесно и непристрасно да си ја врши својата работа.

„Истовремено упатуваме и апел до јавноста, но пред се до УПОЗ и останатите синдикати со сите можни законски средства да ги заштитат правата на државните и јавни службеници од психичко вознемирување, заплашување и секој друг вид политички терор кој се врши од страна на високи партиски и државни функционери како пред изборите, за време на нивното одржување, но и по нив. Потребна е професионална и сервисно ориентирана кон граѓаните државна и јавна администрација, а не администрација која ќе ги извршува наредбите и желбите на некадарните политички големци", се вели во соопштението.

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе