Реакција

Фракцијата Црвени од Левица велат дека не го поддржуваат Апасиев

Марксистичката организација Црвени реагира на изнесените клевети од страна на Димитар Апасиев „кои имаат за цел да го урнат интегритетот на партијата и да направат слика за некаков раскол. Групата од неколку луѓе околу Апасиев со окултното јадро на порталот Антропол кои имаат култ кон Ким Јонг, Мао, Асад и редица диктатори, се само младинци хакери без никакво политичко искуство. Партијата ќе ги санкционира прекршителите и ќе постапи согласно законите. Обвинението дека зад Црвени стои власта е гнасна лага“, се вели во реакцијата на Црвени.

Тие велат дека се активни повеќе од една деценија и учестувале во формирањето на партијата Левица, како и во целокупните партиски активности.

„Наши членови, како и во минатото, така и сега застануваат солидарно со големото мнозинство на Левица и со актуелното претседателство. Во крајна линија ставовите на нашата марксистичка фракција во врска со актуелната власт се јасни затоа што произлегуваат од материјалистичка класна теорија, а не теорија на заговор или правничка фразеологија. СДСМ е прокапиталистичка партија и денешната власт е продолжеток на поранешниот повеќедекаден режим. Знаеме дека СДСМ-ДУИ нема да донесе подобрување на положбата на работниот народ. Левица мора да остане автентична работничка партија и да се дистанцира како од СДСМ и ВМРО, така и од секоја друга граѓанска партија. Зад оваа стратегија на класно одредена политика стои цела декада на политички активизам, а статиите на нашиот сајт се слободни“, реагираат Црвени.

За жал многумина, а особено оние што треба, не може да ја видат историската димензија на оваа посета на еден папа на нашата земја.

повеќе

Кога знаеме како функционира кризата на претставеност, можеме да спречиме повторување на историјата, кое можеби овој пат би имало и многу полоши последици по демократското општество.

повеќе

Деновиве Владата донесе одлука за формирање на ново министерство. А и така, по глава на жител, верувам, рекордери сме по министерства и министри. Оттука, размислував зошто да не предложам да се формира уште едно – за „спречување автоголови".

повеќе