Форумот на жени на ДОМ: Најостра осуда за сексистичкиот фејсбук статус на Наум Стоилковски

Форумот на жени на ДОМ најостро го осудува сексизмот, потценувањето и дискриминацијата на жените врз родова основа, во фејсбук статусот на опозицискиот портпарол, Наум Стоилковски.

„Ваквиот говор на омраза е недозволив за кој било граѓанин, а особено за портпарол чија функција е да ги презентира ставовите на партијата. Конотацијата на текстот е навредлива не само лично за министерката за финансии, туку за жените генерално.

Ваквите сексистички содржини ги обесхрабруваат жените во нашето доминантно патријархално и конзервативно општество активно да се вклучат во политичкиот, економскиот и јавниот живот. На тој начин се оневозможува развојот на општеството во целост“, пишува во соопштението од ДОМ.

Оттаму додаваат дека „овие ретроградни стереотипни ставови за улогата на жените во општеството се потврда за потребата од унапредување на правата на жените како човекови права“. За Форумот на жени на ДОМ тие се дополнителен мотив за уште поинтензивно делување со цел реализирање на политиките за економско јакнење и зголемено учество на жените во политиката.

 

Ако идниот премиер биде македонски Албанец и ако успее сите граѓани на Македонија да се поклонуваат под едно знаме, тогаш – зошто да не!

повеќе

Стана премногу вообичаено да се слушнат повици за брза и сериозна одмазда како одговор на недокажани престапи на говорот и мислата, велат Ноам Чомски, Џ.К. Роулинг и 150 други интелектуалци во отворено писмо до јавноста.

повеќе

Додека повеќето земји во светот се соочуваа со двојна, здравствена и економска криза, Косово преминуваше во тројна криза заради политичките случувања.

повеќе