По објавувањето на добитниците на наградата „13 Ноември“

Филипче им честита на д-р Караџовски и на Тимот за трансплантација на срце

Министерот за здравство Венко Филипче им честита на добитниците на наградата на Град Скопје „13 Ноември" од областа на здравствената заштита и тоа на епидемиологот д-р Жарко Караџовски, како и на тимот кој ја направи првата трансплантација на срце во земјава на 23 мај годинава, соопшти Министерството за здравство.

Во тимот кој го трансплантираше првото срце учествуваа: доц. д-р Маја Мојсова, д-р Билјана Андоновска, д-р Весна Дурнев, Адријана Георгиев, проф. Кочо Димитровски, проф. Сашко Јовев, д-р Марјан Шокаровски, д-р Васил Папестиев, академик Жан Митрев, д-р Александар Николиќ, д-р Менка Лазаревска, д-р Тања Анѓушева, д-р Ванѓел Здравевски, д-р Ќјутмил Џемили, д-р Никола Христов, д-р Стафанија Хаџиевска, д-р Надица Мехмедовиќ, д-р Весна Миташова, д-р Јасмина Илиевска, д-р Димче Славевски и д-р Марија Гераковска.
„Освен честитките кон лекарите кои учествуваа во трансплантацијата, уште еднаш упатуваме благодарност и до семејствата на донорите, чија несебична одлука спаси не еден, туку повеќе животи", стои во соопштението од Министерството за здравство.

Дали и Грција треба да престане да ја смета бугарската фашистичка окупација за време на Втората светска војна како вистинска окупација?, прашува поранешниот грчки министер за надворешни работи – потписник на Преспанскиот договор со Македонија, во колумна за Балканеу. Колумната ја пренесуваме во целост и со автентичните фрази.

повеќе

Каракачанов: На Бугаринот паметот му доаѓа следниот ден...

повеќе

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе