ФДМ: Требаше да се реконструираат министрите виновни за непотизмот, за бегството на Груевски, за недобивањето датум за ЕУ...

Владата ги соопшти своите предлозите за долгонајавуваната реконструкција. За жал, сметаме дека владината реконструкција е недоволна и несоодветна за исполнување на владината програма, се вели во соопштението на Форумот за демократска Македонија (ФДМ), натпартиска организација на македонски иселеници.

„Согласно многубројните истражувања на јавното мислење, ФДМ се надеваше дека очекувањата на граѓаните ќе бидат исполнети и дека реконструкцијата ќе ги опфати министрите кои беа одговорни за некои од најголемите разочарувања од оваа владејачка гарнитура, како бегството на експремиерот Груевски, спорните тендери, непотизмот, но и нереалните и неисполнети очекувања за датум за преговори со Европската Унија летово. Дополнително, разочарани сме и од обемот на реконструкцијата.

На крајот, преземањето на функцијата министер за финансии од страна на премиерот ќе придонесе за зголемување на персонализацијата на власта, што не е во склад со процесите на демократизација. Овие одлуки покажуваат дека Владата нема допир со револтот на просечните граѓани кој дојде до израз преку намалената поддршка на претседателските избори“, се вели во соопштението на ФДМ.

Форумот ги повикува сите пратеници во Собранието, во нивната улога како главно надзорно тело во Републиката, соодветно да ги испитаат сите новопредложени министри или тие што добиваат нов ресор за нивната компетентност да ги вршат функциите за кои се предложени. Овој надзор од страна на Собранието може да послужи како тест за тоа дали пратениците навистина ги претставуваат граѓаните кои ги избрале или се само потчинети на волјата на политичките партии и нивните раководства, смета ФДМ.

Македонизмот често е мистика и точка на недоразбирање и меѓу Македонците и на Македонците со другите народи во и околу Македонија.

повеќе

Хрватскиот музичар и кантавтор Дадо Топиќ уште во далечната 1973 година во неговата култна песна „Македонија" ја опиша нашата татковина како „земја каде сонцето вечно сјае".

повеќе

Одолговлекувањето на истрагата за случајот „Рекет" е тесно поврзана со политичките проценки за тоа до каде може да се оди во тактиката „жртва за квалитет".

повеќе