Реакција

ФДМ: Случаите како „Рекет“ или „Диафарм“ мораат да имаат правна разрешница

Продолжува нефункционирање на правната држава и институциите, се оддолжуваат неопходните реформи и ветените системски решенија. Низата неодамнешни настани укажуваат на немање доволен капацитет, неподготвеноста, неволноста и неспособноста на институциите за справување со тековните предизвици како што се корупцијата и злоупотребата на моќ што пак остава простор за многу шпекулации, се вели во реакцијата на Форумот за демократска Македонија (ФДМ), организација на македонските иселеници.

ФДМ цени дека институциите на системот мораат да покажат дека правната држава функционира, без разлика од каде доаѓа криминалот и високата корупција.

„Случаите како „Рекет“ или „Диафарм“ мораат да имаат правна разрешница. И покрај тоа што сметаме дека законот за ЈО треба да биде изготвен од правната и стручна јавност, а не од партиите, законот требаше и да ја покаже способноста за надминување на дневно политичкото поентирање меѓу власта и опозицијата и поставување на државните интереси во прв план, со што ќе се покажевме во светлото на функционална демократија од западен стил.

За жал, во тој поглед партиите не се надминаа себеси, и политичкиот компромис повторно го наоѓаат на сметка на републиката, наместо во нивните партиски интереси.

Владеење на правото односно борбата со корупцијата е можеби најголемиот приоритет на земјата на патото кон ЕУ и НАТО. И ние стоиме зад забелешките кои доаѓаат од меѓународната заедница токму на овој план.

Во моментов нашата татковина e истрошена и безнадежна како резултат на долгогодишната катастрофална политика на партиите на власт. Граѓаните се изморени од кризата, а особено младата генерација која масовно ја напушта државата. Апатијата која го зафати општеството ќе резултира со уште поголема апстиненција на следните избори , што ќе го доведе до прашање нивниот легитимитет.

ФДМ бара од владеачката коолиција да ги преземе сите можни законски мерки за расветлување на случаите и да ја утврди и обелодени одговорноста на сите кои биле вклучени. Сѐ друго ќе ја зголеми веќе постоечката недоверба на граѓаните во институциите и капацитетот на оваа влада да ја води земјата кон декларираните цели“, соопшти ФДМ.

Луѓето можете и ги задржите во сопствената земја - ако им е добро.

повеќе

ЕУ треба принципиелно да реагира на отворениот национал-шовинизам на бугарскиот парламент, се вели во отвореното писмо на македонски академици и професори до европретставниците во Македонија.

повеќе

Нашиот процес на преговори многу веројатно ќе биде предмет на уште построги критериуми и мониторинг имајќи ги предвид искуствата на земјите кои во моментот преговараат. 

повеќе