Еколошко здружение на граѓани „Фронт 21/42“

Европски држави изразија загриженост за Охридското Езеро и Галичица, а Владата не знаела дека има постапка

Минатата недела се одржа 42-та сесија на Постојниот Комитет на Бернската конвенција при Советот на Европа, на која се разгледуваше и отворениот случај за заканите врз Охридското Езеро и Галичица. Претставниците на неколку држави (Германија, Австрија, Полска, Словачка, Шведска)посебно ја изразија загриженоста за состојбите со овие природни реткости и испратија порака дека државата мора да ја сфати сериозноста на случајот, но и дека треба да се испрати мисија на терен, информира Еколошко здружение на граѓани „Фронт 21/42".

„Во одлуката која Комитетот ја усвои на 2 декември се изразува длабока загриженост за влошената состојба на подрачјата, но и за фактот што Владата до неодамна, до минатиот месец и не беше свесна дека случајот е отворен речиси цела година. Уште еднаш се потврдува потребата за итна мисија на терен, кон која постои можност да се приклучат и експерти од Конвенцијата на УНЕСКО и Рамсарската Конвенција, а до мисијата на терен (предвидена за пролет 2023 година.

Постојниот Комитет бара:
 времено одложување на усвојувањето на клучните документи;
 запирање на секакви активности за понатамошна урбанизација и/или други градби (вклучувајќи ги и административните процедури за истите) и легализација на дивоградбите.

На потег е Владата, овој пат да си ја исполни меѓународната обврска (како што и налага и Уставот) и да ја спроведе Одлуката на Бернската Конвенција, односно итно да усвои Одлука за запирање на секакви активности за понатамошна урбанизација (и други градежни работи) и легализација на дивоградбите - сè додека не се усвојат препораките на мисијата на терен; како и
Одлука за привремено запирање на постапките за документите кои имаат влијание врз Охридското Езеро и Галичица, како Законот за Студенчишко Блато, Стратешкиот план за рехабилитација на Светското наследство, итн.

Како организација која го поднесе и води овој случај, сметаме дека е поразително тоа што меѓународната заедница има неспоредливо поголема почит кон и грижа за нашето најголемо природно богатство отколку домашните институции на кои тоа им е должност.

Калоѓера не може да премолчи, не може да замиже пред историската вистина на Македонија, па затоа во својот живот се определил да македонствува.

повеќе

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе