Средба во Брисел

ЕУ интеграцијата на Македонија и Црна Гора е од пресудно стратегиско значење, велат Османи и Кривокапиќ

„Северна Македонија и Црна Гора имаат исклучително добра и интензивна соработка, но и разбирање во однос на заокружувањето на нашите взаемни стратешки цели, кои со војната во Украина добиваат важна, ако не пресудна, безбедносна и геополитичка димензија" истакнал шефот на македонската дипломатија Бујан Османи во разговорот со црногорскиот министер за надворешни работи Ранко Кривокапиќ, посочувајќи на взаемниот интерес за членството на двете држави во Европската Унија.

„Тоа е процес кој е од регионален, па и поширок интерес, како важен инпут во создавањето на идната безбедноста архитектура и на Западниот Балкан и на Европа", посочил Османи.

Разменувајќи мислење за војната во Украина, и последиците кои произлегуваат од неа, двајцата министри ја осудија воената агресија на Русија, потенцирајќи дека во прашање е еклатантна повреда на основните принципи на меѓународното право, удар врз демократскиот поредок и сериозна закана за сигурноста на Европа, соопшти МНР за дел од разговорите.

Средбата меѓу двајцата министри била остварена на маргините на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО во Берлин, на која Османи упатил честитки за формирањето на новата Влада на Црна Гора и за изборот на Ранко Кривокапиќ на функцијата министер за надворешни работи.

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе