Движењето АВАЗ ќе поднесе амандмани на предлог-законот за попис за босанскиот јазик

Движењето АВАЗ најави дека ќе поднесе два амандмани на предлог-законот за попис кога истиот ќе дојде на второ читање во Собранието. 

„Во предлог законот стои погрешна номинација на босанскиот јазик, како единствен стандардизиран јазик на Бошњаците. Со цел да биде корегирана направената грешка, подготвивме два амандмани кои ќе бидат поднесени од нашиот пратеник Зеќир Рамчиловиќ кога законот ќе дојде во второ читање. Истите ќе бидат поддржани од парламентарното мнозинство и од опозицијата што само докажува дека се работи за ненамерна грешка, но и опомена дека институциите треба да бидат повнимателни”, соопштија од АВАЗ. 

Оттаму објаснуваат дека во врска со ова реагирале повеќе поединци и невладини организации на соодветен начин, додека некои поединци, дури и политички партии, како што велат, или не ги знаат процедyрите или прават евтин популизам.

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе

Толку убава, чиста земја, богата со шуми, планини и природни ресурси ја претворивме во Мордор.

повеќе

Сè повеќе се зборува за диверзификација на приходите, наместо фаворизирање само еден извор на финансирање.

повеќе