Реакција

ДУИ: Разрешувањето на Зибери е антиалбанска постапка на Филипче

Демократската Унија за Интеграција остро го осудува постапувањето пресметано врз дневнa политичка цел, освета и во функција на парламентарните избори, на министерот за здравство Венко Филипче против директорот на Институтот за Јавно Здравје во Скопје Арбен Зибери.

„Ова политичко постапување на Филипче директно го загрозува здравјето на граѓаните и главната институција во борбата против ковид-19 и загрозува илјадници граѓани.

Кандидатурата на Насер Зибери за прв премиер Албанец им го замагли видот и умот на политичките опоненти кои не бираат средства за борба против еден Албанец на чело на институциите и на Владата, и по цена на загрозување на јавното здравје на граѓаните.

Овој недоличен, брутален и популистички акт со елементи на етничко влијание и политичка одмазда е порака за сите Албанци, за целата албанска дијаспора и сите други граѓани.

Ова постапување е неприфатливо бидејќи е мотивирано против семејството на албанскиот кандидат за премиер, затоа казната за овие антиалбански постапки ќе се даде на 15 јули од граѓаните на ова земја“, соопшти ДУИ.

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе