ДУИ: Организаторите на протестите се регресивни сили, тие се против ЕУ

Демократската унија за интеграција оцени дека „насилните протести деновиве се објективен одраз на тенденциите за дезориентација на земјата од европскиот пат, јасно демаскирање на регресивните сили кои не штедат средства да ја спречат земјата во остварувањето на сонот за европска интеграција“.

„Во решавачките моменти за доброто на земјата и граѓаните, ДУИ заедно со коалициските партнери е силно позиционирана на страната за стабилност и напредок на земјата, без друга алтернатива, онаa за партнерство со Европската Унија и Соединетите Американски Држави.

Секое изразување на насилство не може да ги исплаши граѓаните со кои заедно во овие две децении ги изградивме темелите на здравото општество преку, Охридскиот договор за еднаквост и меѓусебно почитување, Договорот од Преспа кој ни ги отвори вратите на НАТО и решавањето на спорот за автокефалноста на Православната црква.

Денес, сме соочени со предизвикот дали сме за Европската Унија или против неа, а протестите тоа веќе го разјаснија.

Група регресивни партии кои беа против каков било напредок продолжуваат да останат лојални на политики кои во суштина се антиевропски, анти-НАТО, против соживотот и го користат секој механизам, оној на насилство и пропаганда, создавајќи конфузија и лажни впечатоци за францускиот предлог кој овозможува деблокирање на нашиот европски пат.

По сите тие напори и тој скептицизам демантиран со големи достигнувања, Демократската унија за интеграција апелира до сите граѓани да се позиционираат во прогресивниот и проевропскиот табор, бидејќи предлогот поддржан од 27-те земји членки на ЕУ не го нарушува националното достоинство и нивниот јазичен, културен и историски идентитет“, се вели во партиското сооштени во кое се нагласува дека тие што се за ЕУ, тие имаат праведна кауза.

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе