ДУИ: На рекетот, алчноста, Боки 13, Сваровски и Луј Витон треба да им се стави крај

Демократската унија за интеграција се ангажира за целосно владеење на правото и правната држава како апсолутен приоритет на сите нас. Ние продолжуваме силно да го поддржуваме правилното владеење на правото, и за да стигнеме до европска правда, треба да ја искорениме селективната политички и етнички мотивирана правда со одлуки кои се основаат на нарачки, а не на закон, соопшти ДУИ.

„Неселективната правда се постигнува преку целосен ветинг на обвинителите, судиите и политичарите. На кревката доверба на институциите на правдата во очите на граѓаните како последица на постојаните политички влијанија, потфрлувањето на специјалното обвинителство, рекетот и алчноста, Боки 13, Сваровски и Луи Витон мотивите треба да и се стави крај.

Една земја членка на НАТО и во процес на преговори за членство во Европската Унија треба да се грижи за интегритетот на институциите, правната предвидливост и некорумпирана правда.

Го подржуваме ветингот за сите и нема да го коментираме денешниот случај сѐ до завршување на постапките  во највисоките инстанци“, се вели во реакцијата на ДУИ на денешната пресуда за случајот Титаник 3.

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе