ДУИ ќе се консултира со здравствени експерти, за да може да решава за актуелната ситуација

Централниот изборен штаб на ДУИ, во согласност со новите околности и предвидувања за следните недели, ќе реализира интензивни консултации со институциите и експертите и своите проценки и одлуки ќе ги преземе во согласност со препораките на експертите кои не смеат да бидат под политичко влијание, туку треба да се однесуваат одговорно кон јавното здравје, соопшти ДУИ.

На денешната седница на Централниот изборен штаб, свикана од страна на претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, се разгледа актуелната ситуација во земјата, мерките за претпазливост и чекорите за економско оздравување.

„Сите заедно тежнееме кон што побрзо враќање во нормалност и да ја спасиме и зајакнеме нашата економија, но секое враќање во секојдневната рутина задолжително треба да биде проследено со бескомпромисно почитување на мерките за заштита од граѓаните за да се спречи зголемувањето на бројката на заразени.

Непочитувањето на мерките и безгрижноста може да создаде непредвидливи долготрајни последици кои ќе му наштетат на целото општество.

Апелираме до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита, носењето на заштитните маски, физичката дистанца, да одбегнуваат секакво собири и да одржуваат лична хигиена на ниво“, соопшти ДУИ.

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе