ДУИ: Има политичка агенда зад одбивањето СОНК да прифати повисоки плати за 2.500 денари

Демократската унија за интеграција смета дека Владата со години покажува голема грижа кон образованието, како многу важен сектор во нашето општество и дека одбивањето на зголемувањето за 2.500 денари или 10% на платите од страна на СОНК како и методологијата за постепено зголемување и трајно решавање на социјалниот статус на образовниот кадар е политичка агенда против учениците и родителите. Партијата оценува дека со одбивањето на понудата дадена од страна на Владата, СОНК ги става личните интереси над интересите на учениците.

Штетата оди на сметка на наставниците и учениците токму во пресрет на завршувањето на наставниот процес, бидејќи правото на образование на секое дете е загарантирано и со Уставот, се вели во соопштението и се нагласува:.

„Нетолерантно е да не се одржува настава во услови како овие денешните кога цел свет се соочува со пандемија, економска и енергетска криза, додека Владата и Министерството за образование и наука прават максимални напори за нормализирање на образовниот процес. ДУИ ги повикува сите наставници и ученици да се вратат во училишните клупи, да продолжат со наставата“.

Партијата воедно апелира до СОНК да продолжат со дијалогот додека не се најде решение и да не се дозволи бојкотот на наставата да влијае на образовниот процес.

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе

Иако е важно да бараме решенија за нашата заедничка историја и да се обидеме да ги разликуваме фактите од пропагандата, зарем не е исто така важно да научиме да живееме заедно и покрај нашите различни и силно политизирани гледишта?

повеќе

Нашето општество е социјално неправедно, а социјалната неправда е, и ќе биде погубна.

повеќе