ДУИ апелира за целосно расветлување на случајот во тетовскиот ковид-центар

Демократската Унија за Интеграција (ДУИ) изразува најдлабоко сочувство до семејствата кои ги загубија своите најблиски во трагедијата што се случи во ковид-центарот во Тетово, додека на повредените им посакува брзо закрепнување.

„ДУИ бара од сите надлежни институции да спроведат целосна истрага, и целосно да го расчистат случајот, со цел да се утврдат причините кои го предизвикаа пожарот во ковид-центарот во Тетово.

Истворемено ДУИ апелира до сите да дадат придонес за целосно расветлување на случајот од страна на надлежните институции“, пишува во партиското соопштение.

Од партијата додаваат дека се откажани сите предвидени активности во знак на почит на сите што го изгубија животот во трагедијата од минатата ноќ.

 

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе