ДС ги повикува СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ да прифатат Македонија да биде една изборна единица

Демократскиот сојуз смета дека за демократизација на државата, зголемување на одговорноста на власта и демонтажа на триесет годишниот „еднопартиски систем", неопходни се системски промени, меѓу кои и изборниот модел.

Демократскиот сојуз е за пропорционален изборен модел, Македонија да биде една изборна единица и за отворени листи.

Анализата што ја подготви ДС покажува дека само со една изборна единица, составот на Парламентот ќе биде реален одраз на определбата на граѓаните, а во носењето на круцијалните одлуки за државата и граѓаните ќе партиципираат повеќе политички субјекти.

ДС ја подржува иницијативата на претседателот Стево Пендаровски за отворање на расправа за изборниот модел, но засега „големите” партии не се расположени да создадат услови за еднакви изборни шанси за сите и губење на нивната монополска положба.

Ги повикуваме СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ да ја подржат иницијативата за промени во изборниот модел, соопшти ДС.

САД денес остануваат држава со најнапреден систем на високо образование во светот, со најголем број на научни публикации, инвестиции во наука, патентирање на иновации и на добитници на Нобелова награда.

повеќе

(Реакција на колумната на Наум Кајчев, „За Гологанови и нашата заедничка историја“, 15 септември 2019, МКД.мк)

повеќе

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе