ДС: Францускиот нон-пејпер да не биде изговор за бесконечно одложување на влезот на Македонија во ЕУ

Демократскиот сојуз смета дека најновиот француски предлог за редефинирање на пристапниот процес кон ЕУ претставува искрена намера со која се потврдува европската перспектива на Македонија, а не алиби за ветото дадено на Самитот на ЕУ во октомври. 

„Неспорен факт е дека заостануваме во реформите во одредени области, особено во правосудството, администрацијата, како и во борбата против организираниот криминал, а новиот неформален предлог од Париз кој се заснова на принципите за постепено придружување, построги услови, видлив напредок и реверзибилност, може да претставува вистинско забрзување на реформите во Македонија.

Позитивната страна во предлогот е идејата земјите-кандидати да имаат пристап до структурните фондови на ЕУ, како и построга контрола на реализацијата на преземените обврски на реформски план“, пишува во соопштението од ДС.

Демократскиот сојуз потсетува дека новата француска методологија за проширување на Унијата, содржи многу недоречености, кои може да бидат изговор за бесконечно одложување на влезот на Македонија во ЕУ. Од партијата очекуваат Документот да биде дополнет со акциски план за брза и квалитетна фазна имплементација на поглавјата испорачани од Унијата.

„Препорачуваме Владата да направи сериозни стручни консултации и сугестиите што ќе ги достави до Франција да бидат во функција на имплементација на европските вредности и можност постигнатите резултати објективно да се оценуваат и вреднуваат“, се додава во соопштението.

 

Јавното здравје и економијата одат заедно и во време на пандемија, па затоа најдобриот начин да ѝ се помогне на економијата во оваа криза е ако се воведат адекватни рестрикции за пандемијата да се стави под контрола.

повеќе

Стопанската комора на Македонија со донесувањето на 4-тиот сет на мерки гледа остварување на ветеното дека Владата на РСМ и во услови на здравствено- економска криза ќе стои зад компаниите.

повеќе

Оваа парафраза на големиот Иво Андриќ, нобеловец и водечко книжевно име на Балканот, за малку ќе го погодеше лично него.

повеќе