По интервјуто на Борисов и новата тема за „патокази“

ДС: Да не се брза со преговорите со Бугарија за да не ја загубиме државата

Демократскиот сојуз му препорачува на преговарачкиот тим на Македонија јасно, гласно и недвосмислено да му соопшти на бугарскиот државен врв, дека македонскиот народ е посебен и дека живее и опстојува на овие простори со векови, дека македонскиот јазик е автентичен, како и дека во Бугарија живеат Македонци. Имајќи предвид и дека Бојко Борисов вчера призна дека се плаши од признавање на македонското малцинство, Владата да не брза со прифаќање на „патокази“.

Демократскиот сојуз му препорачува на преговарачкиот тим на Македонија јасно, гласно и недвосмислено да му соопшти на бугарскиот државен врв, дека македонскиот народ е посебен и дека живее и опстојува на овие простори со векови, дека македонскиот јазик е автентичен, како и дека во Бугарија живеат Македонци (национално малцинство).

„Ако се тргне од тие позиции, тогаш може да се разговара за други прашања и да се дадат гаранции дека немаме никакви територијални барања и претензии, дека не се мешаме во внатрешните работи на Бугарија, дека сакаме да се олесни движењето на граѓаните (границата да се минува само со лични карти), инфраструктурно да се поврземе, да се отвориме за слободно движење на капиталот, да ја продлабочиме соработката во областа на безбедноста и одбраната, здравството, образованието, туризмот итн. Малцинствата во нашата земја и Македонците кои живеат во соседните држави, треба да се мост за подобро меѓусебно разбирање и почитување на различностите", смета партијата.

Демократскиот сојуз повикува на претпазливост за било какви нови договори или „патокази" кои на било каков начин долгорочно ќе го доведат во прашање македонскиот идентитет.

„Да не се направи грешка која ќе ја платиме со губење на државата, затоа што нема држава без народ, јазик, територија и суверено владеење", потенцира Демократскиот сојуз и наведува дека партијата е европски и добрососедски определена..

„Но сакаме да нагласиме дека претстојниот месец декември не е крај на светот, за да мораме да одржиме меѓувладина конференција со ЕУ. Има време за сѐ, само треба да се реформираме, да воспоставиме нов систем на вредности и законите да важат за сите подеднакво", се вели во партиското соопштение.

Вакцинирањето преку ред, слабата стратегија и лошата комуникација со јавноста ги обележаа првите месеци на вакцинирање во Хрватска која во моментов е близу дното на ЕУ во однос на процентот на вакцинирана популација. 

повеќе