ДПА: Фондацијата „Трон“ и градоначалничката на Тетово замешани во голема афера на перење пари

На порталот Клан Косова и Газета експрес  сe објавија многу документи кои докажуваат дека фондацијата „Трон“ (Throni) како учесник во изградбата на комплексот во Тетово познат како ресторан „Сирач” е дел од една голема корупциска афера во која е замешана и градоначалничката на Тетово, соопшти ДПА.

 

„Земјиштето на кое e изграден овој комплекс на површина од 3.222 м2 (проценето на околу 500 илјади евра) наводно било дадено како подарок од физички лица што претставува сериозна правна повреда и перење на 'валкани финансисли средства'.

Легализацијата на објектот е изведена со очигледни кршења на законските норми. Се знае дека објектот беше изграден во 2015 година, а со лажна изјава дадена на нотар објектот наводно бил изграден пред 2011 година, а општината Тетово го легализира објектот врз основа на еден ваков лaжeн доказ.

Законот е изигран и со правното толкување дека објектот е наменет за станбена употреба, а фактички претставува комерцијален објект, со што се оштетува и општинскиот буџет.

Општина Тетово и покрај сите овие нерегуларности и фалсификати во рок од 3 (три) дена донесува важни акти - на 29 август 2016 година давa урбанистичкa согласност, на 30 август 2016 година донесена е одлука за симболичнa компензација и на 31 август 2016 година се донесува решението за добивање на правен статус.

Од целата документација на фондацијата „Трон“, раководена од Метин Изети на чиja инаугурација учествуваше и Аднан Исмаили, направени се неколку законски повреди и тоа: измама, фалсификување, перење нa пари за комплексот чија вредност се проценува од 6 до 8 милиони евра. Во оваа измама директни учесници се фондацијата Трон, градоначалникот на Тетово и секторите во општината.

Обвинителството и финансиската полиција се должни да постапат и да ги преземат сите законски мерки и да ја истражат оваа афера за изградбата на овој милионски комплекс, со пари од сомнително потекло, со индиции на перење пари на штета буџетот“, се вели во соопштението на ДПА.

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе