ДОМ во мај наредната година ќе биде домаќин на Советот на европските зелени

Зелената партија ДОМ ќе биде домаќин на следниот Совет на европските зелени, кој ќе се одржи во Скопје, во мај идната година. Со оваа одлука, Европските зелени и оддаваат посебно признание на македонската зелена партија ДОМ за заложбите и активностите за развој на зелените вредности.

Европските зелени на 30-от Совет што се одржа овој викенд во Финска, усвоија итна Резолуција за поддршка за отпочнување пристапни преговори на Македонија и Албанија со ЕУ. Во Резолуцијата се истакнува: „Северна Македонија вложи исклучителни напори за да ја отвори вратата кон Европа, со склучувањето на билатералните договори со Бугарија, а особено со историскиот Преспански договор со Грција. Земјата направи исклучително тешки и истовремено многу храбри чекори за да се надмине децениската блокада и безизлезност. Но, Европскиот совет направи страшно предавство спрема земјата, наместо да ги награди овие напори. Франција, Данска и Холандија ја блокираа Албанија, а само Франција ја блокираше Северна Македонија. Со овие одлуки е направена грешка со историски димензии. Ги повикуваме нашите членки – зелените партии во Холандија, Франција и Данска, да извршат влијание врз нивните Влади да не ги блокираат пристапните преговори“.

Во Резолуцијата се потенцира: „Европските Зелени не го прифаќаат ова „статус кво“. Ние ги поддржуваме напорите на нашите партнери во Северна Македонија и Албанија за вклучување на земјите во европското семејство на нации, а особено ги цениме напорите на нашите членки Демократска обнова на Македонија (ДОМ) во Северна Македонија и Partia e Gjelbër во Албанија. Ја повторуваме и истакнуваме нашата цврста решеност да се повлече ветото што ги затвори вратите за овие две земји. Европските зелени го повикуваат Европскиот совет уште пред Самитот во Загреб во мај во 2020 година, да се наврати на темата за проширувањето, а негативните одлуки да бидат повлечени.“

На Советот беше избрано новото раководство на Европските зелени. Од вкупно девет членови на Комитетот, шест се жени. Нови ко-претседавачи се Евелин Хутеброк и Томас Веиц, а за генерален секретар повторно беше избрана, Мар Гарсиа Санз, соопшти Демократска обвнова на Македонија.

Сега, кога нашата држава ја предводат анационални лидери, кога супериорната бугарска власт смрди од агресивен национализам, ќе биде тешко да се изгради цврсто пријателство.

повеќе

Иако Буџетот 2020 е популистички, сепак со цврстите ставови за отфрлање на субвенциите за возила и за промена на даночната политика на СДСМ, како и во идејата за понатамошно отворање на Министерството за финансии се наѕира дека Ангеловска знае што прави.

повеќе

Да се стави точка на великобугарскиот шовинизам е насловот позајмен од едно писмо напишано во јули 1946 година од Илинденската организација до Владата на слободна Македонија.

повеќе