ДОМ: Веднаш да почне отстранувањето на дивоградбите во Охрид

Дeмократска обнова на Македонија (ДОМ) остро го осудува самоволието и продолжувањето на градежни активности на нелегалниот објект на кој при интервенцијата на општинската градежна инспекција беа уапсени градежни работници. Бараме од локалните власти да се санкционираат прекршителите на законите и мораториумот за градба изгласан од советите на општините Охрид и Струга и веднаш да се почне со најавената акција за отстранување на нелегалните градби, соопшти ДОМ.

„Граѓаните со нетрпение очекуваат да се спроведат препораките на УНЕСКО и да се обезбеди зачувување на нашето единствено светско природно и културно наследство. За крајот на овој месец, веќе е најавена и мисија на експерти на УНЕСКО.

Дрското непочитување на законите од страна на поединци фрла сенка на сите претходни вложени напори, како што се довршувањето на инвентарот на нелегални градби, спроведените подготвителни активности за уривање на нелегалните објекти во заштитените подрачја, финализирањето на Планот за управување со природното и културното наследство во Охридскиот регион и спроведувањето на Стратегиска оцена на животната средина од овој план“, се вели во соопштението на ДОМ.

Ајде од понеделник да се посветиме сериозно на „носење на Европа" во нашата држава.

повеќе

Улогите на „добар и лош полицаец“ ќе ги играат кон нас уште долго, доколку не сфатиме дека со итроманска политика не се може подалеку од Табановце до Богородица.

повеќе

Неделава, владите на ЕУ повторно решија да го одложат започнувањето на преговорите за пристапување со земјите кандидати Албанија и Северна Македонија, што претставува историска грешка - бидејќи безбедноста и стабилноста на Унијата зависат од трансформацијата на југоистокот.

повеќе