„На конгресот се дискутираше за: зелени и социјално праведни решенија за енергетската криза, зелени решенија за отпорност на системите за храна, улогата на локалните советници во постигнувањето зелена транзиција, ургентната потреба од климатска правда и одданочување на богатите за да се спаси климата.
Се разговараше и за значењето на проширувањето на ЕУ со земјите од Западен Балкан.
Унапредувањето на човековите права, правата на жените, ЛГБТИК+ луѓето и луѓето со попреченост се теми кои исто така беа во фокусот на конгресот“, се вели во партиското соопштение.