ДОМ: Со владина Уредба ќе се отстрануваат дивоградбите на плажите во Охридскиот регион

Зелената партија ДОМ го поздравува донесувањето на Уредбата со законска сила за примена на Законот за градежно земјиште за време на вонредна состојба. Со примената на оваа Уредба, ќе се овозможи отстранување на дивоградбите и враќање во првобитна состојба на 25 плажи на Охридското Езеро.

Ова, според партијата, придонесува и за спроведување на мерките за заштита на крајбрежјето утврдени со Планот за управување со природното и културното наследство во Охридскиот регион што Владата го усвои во јануари 2020 година. Исто така, влијае на намалување на негативните влијанија од масовниот туризам врз квалитетот на водите, биолошката разновидност и пределските карактеристики на подрачјето, како и на зачувување на УНЕСКО статусот.

ДОМ апелира Државниот пазарен инспекторат и Управата за јавни приходи да обезбедат доследно спроведување на оваа Уредба.

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе