Реакција

ДОМ: Скандалозна одлука на Уставниот суд, укинувањето на мораториумот во Центар е крај за надежта на граѓаните

Зелената партија, ДОМ е шокирана од скандалозната одлука на Уставниот суд за привремено, триесетдневно укинување на мораториумот за градење во општина Центар. Оваа одлука е крај за надежта на граѓаните дека е можно квалитетно и хумано урбано живеење, соопшти ДОМ.

„Општина Центар е позитивен пример за добро владеење, согласно потребите на граѓаните и почитување на јавниот пред бизнис интересот и здравјето пред профитот. Покрај воведувањето мораториум за градење, тие се и првите кои при измена на два ДУП-а го применија Законот за урбано зеленило и обезбедија најмалку 20 отсто зеленило на градежна парцела. Ја охрабруваме општина Центар да продолжи чесно и одговорно да работи во интерес на граѓаните“.

За ДОМ, борбата против градежната експанзија и бетонизирањето на јавниот простор е врвен приоритет. „Затоа баравме ревизија на ДУП-овите кои не се во согласност со ГУП-от на Град Скопје и со урбанистичките и еколошките стандарди. Остануваме доследни на нашите ставови за урбано планирање кое ќе овозможи квалитетно, хумано живеење во чиста и здрава животна средина“, соопшти ДОМ.

 

Античкиот грчки филозоф Хераклитус, кој живеел пред Сократ, Платон и Аристотел, е авторот на често користената поговорка „панта реи“ (Panta rei), односно, во превод, поедноставено: ,„сѐ тече, сѐ се менува, ништо не останува исто, нема апсолутна вистина и единствена реалност е повеќегодишно движење“.

повеќе

Интеграциите и буџетски субвенционираната економија и социјала се проектираните теми на кампањата на власта за претстојните избори.

повеќе

Третманот и плаќањето на работникот од кого зависи целиот производствен систем, треба да биде на прво место кај државата и работодавачот. 

повеќе