ДОМ предлага здравствените работници да бидат наградени со ваучери за туризам

Зелената партија ДОМ предлага до Владата да додели ваучери за туризам на здравствените работници кои ќе бидат искористени во текот на 2021 година. Ваучерите со висина од 15.000 денари би претставувале награда за нивната работа во ковид-центрите и справувањето со пандемијата.

Според ДОМ, покрај можноста на здравствените работници за продолжен одмор, оваа мерка ќе овозможи дополнителен број на ноќевања во туристичките дестинации, позитивно влијание во туристичкиот сектор и  мултипликативен ефект во македонската економија.

„Веќе втора година здравствените работници се изложени на максимален притисок во борбата со ковид-19 вирусот, ризикувајќи ги своите животи и спасувајќи многу други со својата пожртвуваност и професионалност. Со подобрување на состојбата со пандемијата во нашата земја за прв пат се во можност да ги искористат своите годишни одмори и со своите семејства да одморат во нашите туристички места“, велат од ДОМ, образложувајќи го предлогот.

Алчноста за максимизирање на површината на градење ја помина „црвената линија“. Градот полека ја сече гранката на која седи.

повеќе

Пристигна барањето од етничкиот албански фактор во политиката за тоа да има промена во химната, знамето и грбот на државата.

повеќе

Доколку најмоќните луѓе во земјата (вклучително и претседателот Милановиќ) не престанат со вербалните напади и притисоци врз новинари и медиуми, се плашам дека Хрватска ќе појде по стапките на Унгарија, Полска и Словенија во однос на (не)слободата на медиумите, што секако не е европски, туку автократски пат.

повеќе