ДОМ поднесе 60 амандмани на Законот за урбанистичко планирање

Пратеничките од ДОМ, Лилјана Поповска и Маја Морачанин, поднесоа 60 амандмани на Законот за урбанистичко планирање, со кои предлагаат внесување на суштински одредби од законите за урбано зеленило, природа и животна средина, како заштитна брана пред цунамито на урбаната експанзија.

„Не може во Закон за урбанистичко планирање да не се дефинирани категориите ‘урбано зеленило‘ и ‘зелен катастар‘, да ги нема стандардите и нормативите за задолжително зеленило, ниту документацијата за урбано зеленило што треба да ја содржат урбанистичките планови.

Не може Владата да носи урбанистички планови за ‘објекти и градби од државен интерес‘, меѓу кои рудници, брани и хидроцентрали, кои е дозволено да се градат секаде, па и во заштитени подрачја, во национални паркови, спротивно на законите за заштита на природата и животната средина. Не може јавниот интерес да не биде основно начело на Законот и приватниот интерес да биде над него.

Не може процедурите за носење на урбанистички планови да одат со скратени рокови, без доволно време и транспарентно информирање на јавноста за нив. Не може движењето со велосипеди да не биде предвидено како интегрален дел од сообраќајо“, пишува ДОМ во соопштението.

Во предложените амандмани од ДОМ има и предлози од неколку граѓански организации, како „Охрид СОС“, „Здравје пред профит“, „О2 Иницијатива“,   Асоцијација на архитекти на Македонија, „На точак“ и др.

 

По определувањето на мерката ефективен притвор, притворениот раководен функционер не може да издава полноважни правни акти, меѓу другото, и поради фактот што го нема службениот печат.

повеќе

Вината за недобивањето на датум за преговори треба да ја барате во вас и вашите соработници и коалициски партнери.

повеќе

Ајде од понеделник да се посветиме сериозно на „носење на Европа" во нашата држава.

повеќе