ДОМ не е за вонреден конгрес, Петровска, Пакашки и Богдановски ги изгубија партиските функции

Ана Петровска, актуелната директорка на Државниот инспекторат за животна средина, пратеникот Мирослав Богдановски и Јасмина Пакашки денеска на седница на Централниот одбор на Демократската обнова на Македонија останаа без партиските функции.

Тие ги изгубија партиските функции во Извршниот одбор откако не беше прифатена нивната иницијатива за одржување вонреден партиски конгрес.

„Во духот на демократијата и транспарентноста, Централниот одбор ја разгледа нелигитимната иницијатива за одржување вонреден конгрес на ДОМ. Мнозинството членови на Централниот одбор едногласно ја отфрли иницијативата, со образложение дека нема потреба од одржување на вонреден конгрес. Членовите истакнаа дека сега фокусот на ДОМ треба да биде подготовка за претстојните локални избори, а не задоволување на лични интереси на поединци. Со мнозинство гласови, членовите на ЦО изгласаа недоверба кон: Ана Петровска и Мирослав Богдановски на функциите потпретседатели и членови на Извршен одбор на ДОМ, и Јасмина Пакашки на функцијата член на ИО на ДОМ“, соопштија од партијата.

Законот за високо образование јасно и прецизно ја пропишува постапката за избор во наставно-научни и соработнички звања на високообразовните институции во нашата држава-Македонија.

повеќе

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе