ДОМ: Екологијата треба да стане државен приоритет

Граѓаните бараат брза и ефикасна испорака на ветеното, па сите политички фактори треба да се вложат целосно, за да ја извлечат државата од зона на чекање, во зона на надеж! Ова беше генералниот заклучок од вчерашната седница на Централниот одбор на Демократската обнова на Македонија (ДОМ), по дискусиите за политичката состојба во земјава и за неопходните чекори што мора да ги направат институциите на кус и на среден рок.

„Една од критичните точки, на која има огромен број граѓански поплаки, е и екологијата во најшироката смисла. ДОМ, како зелена партија, го споделува незадоволството од третманот на екологијата во вкупните политики, каде на неа се гледа како на непотребен потрошувач, а не како реална потреба и инвестиција во здравјето и квалитетниот живот на граѓаните. Екологијата сеуште им пречи на поединци и групи, на кои бизнисот им е пред здравјето“.

Затоа, ДОМ бара екологијата да стане државен приоритет во вистинската смисла,  онака, како што е зацртано и договорено во предизборните програми.

„Тоа значи почитување на основните начела за заштита на животната средина, почитување на експертските мислења во оваа сфера, доследна примена на законите кои на солиден начин ја регулираат, како и носење на законски и подзаконски акти секаде каде што фалат.

Не може да се прифати нарушување на животната средина во градовите и населените места со штетни урбанистички решенија, во интерес на грст поединци од градежниот бизнис. Неодржливи се опасни зафаќања во заштитените подрачја, било да се работи за рудници, хидроцентрали или вулгарно бетонирање на скапоцен простор како што е Охридскиот регион“, се вели во соопштението на ДОМ.

(Реакција на колумната на Наум Кајчев, „За Гологанови и нашата заедничка историја“, 15 септември 2019, МКД.мк)

повеќе

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе