ДОМ бара засилени контроли и построги казни за загадувачите на воздухот

Зелената партија ДОМ бара од државниот, градскиот и општинските инспекторати, засилени инспекциски контроли и санкционирање на загадувачите. Новиот Правилник за граничните вредности за дозволените нивоа на емисии и видови на загадувачки супстанции во отпадните гасови и пареи кои ги емитираат стационарни извори во воздухот овозможува инспекторите построго да ги санкционираат загадувачите на воздухот, пишува во партиското соопштение.

Измената на Правилникот, потсетува ДОМ, ја иницираше раководителот на градскиот инспекторат во Скопје, Мирослав Богдановски, откако минатата година при инспекциски надзор и извршено мерење биле утврдени покачени емисии од едно правно лице, а постојниот Правилник не давал можност за санкција. Државниот секретар во Министерството за животна средина и просторно планирање, Ана Петровска организираше формирање на работна група за изменување и дополнување на Правилникот, во која учествуваа стручни лица од Министерството, акредитирани лаборатории, претставници на инспекторатите и здружението на граѓани О2 иницијатива.

 

Кога политичарите сватија за каква моќна алатка се работи, час поскоро побрзаа да менуваат закони со кои „бомбите" нема да бидат докази.

повеќе

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе