Реакција

ДОМ бара општина Струга веднаш да почне со отстранување на дивоградбите

Зелената партија ДОМ е длабоко загрижена од вчерашната изјава за медиумите на градоначалникот на Струга, со која тој порачува дека во Струга не треба да се уриваат дивоградбите.

„Според Кривичниот законик бесправното градење е кривично дело. Во член 244-а стои: ‘Тој што гради или изведува градба или врши надзор над градба на сопствено или туѓо земјиште без одобрение за градење или спротивно на одобрението за градење издадено од надлежен орган, ќе се казни со затвор од три до осум години‘.

Спротивно на заложбите на Владата за реализирање на препораките на УНЕСКО, општина Струга сѐ уште не доставила инвентар на сите дивоградби и не започнала со отстранување на истите. Минатата година екологистите алармираа и за палењето на трската со цел подготовка на терените за узурпација на струшкото крајбрежје со нови градби“, пишува во партиското соопштение.

ДОМ бара локалните и државните инспекторати за градежништво и за животна средина интензивно да спроведуваат инспекциски надзори и да обезбедат спроведување на законите и санкционирање на прекршителите.

„Општина Струга да ги имплементира препораките на УНЕСКО и Планот за управување со Охридскиот регион и да го заштити нашето единствено светско природно и културно наследство“, додаваат од ДОМ.

 

Доколку нешто радикално не се промени, не можеме да очекуваме дека нашата економија брзо ќе се нормализира и ќе излезе од сегашната криза.

повеќе

Како да разликуваш дали „Македонец” означува етничка припадност или државјанство? Според потребата на моментот!

повеќе