ДОМ бара контроли поради загаденоста на воздухот

Зелената партија ДОМ апелира инспекторатите за животна средина да спроведат вонредни инспекциски надзори на индустриските капацитети во Скопје.

„Вчера, особено во ноќните часови загадувањето на воздухот во Скопје беше високо, со концентрација на ПМ10 честички над 100 µg/m. Во услови на значително намален сообраќај, граѓаните се сомневаат дека аерозагадувањето потекнува од индустриските постројки.

Загадениот воздух е причина за заболувања на белите дробови, срцето и крвните садови и доведува до пад на имунитетот. Во овој период кога се соочуваме со сериозни закани по здравјето предизвикани од коронавирусот, чист воздух ни е потребен повеќе од било кога“, пишува во соопштението од ДОМ.

 

Јавното здравје и економијата одат заедно и во време на пандемија, па затоа најдобриот начин да ѝ се помогне на економијата во оваа криза е ако се воведат адекватни рестрикции за пандемијата да се стави под контрола.

повеќе

Стопанската комора на Македонија со донесувањето на 4-тиот сет на мерки гледа остварување на ветеното дека Владата на РСМ и во услови на здравствено- економска криза ќе стои зад компаниите.

повеќе

Оваа парафраза на големиот Иво Андриќ, нобеловец и водечко книжевно име на Балканот, за малку ќе го погодеше лично него.

повеќе