ДОМ бара итно да се усвои законот за управување со природното и културното наследство во Охридскиот регион

ДОМ апелира Владата на Република Северна Македонија итно да го усвои и да го достави до Собранието, Предлог-законот за управување со природното и културното наследство во Охридскиот регион. 

„Овој закон обезбедува формално-правни предуслови за ефективно управување со природното и културното наследство во Охридскиот регион и спречување активности кои негативно влијаат врз  исклучителните универзални вредности на доброто. Со законот се дефинира составот и надлежностите на Советот за Охридскиот регон, како стручно и советодавно тело на Владата. Се утврдува рок од 6 месеци за донесување на планот за управување со природното и културното наследство во Охридскиот регион. До донесување на планот времено се прекинуваат постапките за издавање одобрение за градење и постапките за вклопување на бесправно изградени објекти. Исто така, времено се прекинуваат постапките за изработување и донесување, како и постапувањето по донесените урбанистички планови, урбанистичко-плански и урбанистичко-проектни документации”, се вели во соопштението на ДОМ.

Според партијата, доколку во 2019 година не се спроведат приоритетните препораки на УНЕСКО, Охридскиот регион може да биде ставен на Листата на светско наследство во опасност. Тоа негативно ќе влијае на заштитата на природното и културното наследство, но и на интересот на туристите и  приходите од туризмот.

 

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе

Толку убава, чиста земја, богата со шуми, планини и природни ресурси ја претворивме во Мордор.

повеќе