ДОМ бара итни мерки против аерозагадувањето, а не само препораки

Во услови на енормно аерозагадување, со концентрации на ПМ10 честички неколку пати над дозволеното ниво, партијата ДОМ смета дека предложените предупредувања и препораки од градот Скопје не се доволни. 

„Зелената партија ДОМ бара веднаш да се спроведат следните итни мерки: Намалување за 50% на согорувачките процеси во индустриските капацитети, стопирање на сите градежни активности во градските средини, интензивни инспекциски контроли од страна на државниот и локалните инспекторати за животна средина, забрана за движење на тешки возила во градовите и ниво упатување на обиколници, забрана за движење на возила под Еуро 4 стандард во градскиот сообраќај, бесплатен градски превоз и зголемена фрекфенција на автобуси, како и редовно миење на улиците, собирање на сметот и одржување на јавната хигиената”, се наведува во партиското соопштение. 

Оваа парафраза на големиот Иво Андриќ, нобеловец и водечко книжевно име на Балканот, за малку ќе го погодеше лично него.

повеќе

Десензитивизацијата на Американците кон вртоглаво зголемениот број на жртви во пандемијата ја оправдува познатата опсервација на Јосеф Сталин: „Една смрт е трагедија; еден милион е статистика “. 

повеќе

Практичната имплементација на владината стратегија „едно општество за сите“, која на хартија има добри намери, е засенета од неуспешната борба против корупцијата и организираниот криминал.

повеќе